По реакцијата на македонските верници од Австралија, дека архимандритот Серафим се шета по српските цркви, стаса вест дека тој имал предавања и пред дел од македонските верници.
Црковниот портал Литругија.мк, објави дека за време на речиси дваесетдневниот престој на Серафим и дел од сестринството на Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“, во Сватралија духовни вечери биле органзиирани и за македонсските верници.
На 19 ноември среда, во салата „Илинден Рокдејл“, се одржа духовно предавање со македонските верници од Сиднеј на тема: „Душата после смртта и како да се молиме за починатите“.
Особено се отвори дискусија на прашањата: За спомнувањето на починатите на проскомидија, за самоубиството, за приносот за душа на починатите, за себепринесувањето во духовниот живот кога сакаме да се молиме за други, за кремирањето на телата на починатите, зошто и колку е важно да се чита канонот за исход на душата, за суеверието во врска со починатите христијани и др.
Следната вечер, на 20 ноември, четврток, со почеток во 18:30 часот, во салата „Илинден Рокдејл“, се одржа предавањето на тема: „Молитвата – нејзиното значење и практикување во животот на православниот христијанин“.
По предавањето беа поставувани прашања од страна на македонските верници и се разви широка дискусија. Ќе издвоиме некои од прашањата на верниците: како да се молиме за сопругот и за децата, кога и како да ја практикуваме Исусовата молитва, за молитвеното правило, за соништата кои нѐ вознемируваат, колку често може да се чита акатист, како и други прашања од секојдневниот живот на христијанинот: за честото причестување, што значи да стекнуваме пријатели со нераспадливо богатство, дали децата болни од аутизам се казна за гревовите на родителите, дали Црквата знае што се случува со децата со посебни потреби, за одговорноста на воспитувањето на децата и многу други, пишува Литругија.мк.
Архимандритот Серафим на 24 ноември, понеделникот, го посетиил и македонското етничко училиштето во НЈВ Филип II каде што беа топло и срдечно пречекани од македонските дечиња.
-При посетата на часот по веронаука најмладите, дечињата на возраст од забавиште до шесто одделение, со својата невиност, спонтаност и искреност, на отецот Серафим му поставуваа прашања: зошто луѓето на љубовта Божја возвраќаат со зло, за доаѓањето на Господ Исус Христос на земјата, за безграничната љубов, зошто некои луѓе ако знаат дека Бог е Бог прават лоши работи, што треба да се направи за да се стане свештеник, зошто Господ дојде на земјата, зошто Господ Исус Христос не се роди во палата туку во сиромашна штала, и многу др, пишува Литругија.мк


Браво за Отец Серафим!Господ да го крепи и да му дава сила !
Ова предавање е одржано во сала надвор од македонската црковната општина ,,Света Петка” во Рокдејл. Исто и при посетата на српската црква во Кабрамата не глрдаме дека е посетен македонскиот храм ,,Свети Никола” во истото место. Сето тоа доведува до едно прашање зошто о. Серафим го игнорира својот народ во тие населени места? Рокдејл имаа 30. 000 македонци, а на неговото предавање одвај да имало 30 луѓе. Останува неодговорено прашањето со кој наш свештеник отслужил литургија и во кој храм? Сето тоа е суштинскиот проблем што о. Серафим како духовник не смееше да дозволи игнорански однос кон оние кои ја изградија и салата каде што тој држел предавања. Сето тоа зборува за неговиот полтронски однос кон владиката расипник Петар, кој го дели македонското ткиво, а дава дозволи за средби и предавања по српски храмови. Зарем не е страмно? Жално е!