Богојески: Јоване Вранишковски, време е да престанеме со манипулации

Date:

Share post:

Господинот Јован Вранишковски повторно, во свој препознатлив стил, преку извртување на фактите, го коментира процесот на добивањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, притоа сугерирајќи дека Српската Православна Црква (СПЦ) била некаква „мајка црква“ на нашата МПЦ.

На ова место потребно е да се потсетат две суштински факти.

Прво, кога Охридската Архиепископија постоела како црковна институција, Српската Православна Црква сè уште не постоела. Напротив, нејзината мајка Пеќка патријаршија е создадена во контекст на историски и политички околности кои не можат да се сметаат за канонски чисти, со мешање на световни фактори, поткуп и влијание на грчките интереси. Оттаму, МПЦ како возобновена Охридска Архиепископија не може ниту формално – правно, ниту духовно да има однос на „ќерка“ кон СПЦ. Напротив, според историската логика, таа е наследник на постара традиција од самата мајка на СПЦ. Не може внуката (СПЦ) да биде „мајка“ на бабата (МПЦ-ОА).

Второ, токму поради тоа што СПЦ со децении се претставуваше како „мајка црква“, во процесот се вмеша и Бугарската Православна Црква (БПЦ), која презеде улога на посредник – втора мајка или маќеа, со што настана извесен канонско – правен вакуум во определувањето на духовното „родителство“ на МПЦ.

Во такви околности, Вселенската Патријаршија ја презеде надлежноста за конечно решавање на статусот, ја врати МПЦ во канонско единство и го повика останатиот православен свет да го признае тој факт.

Оттаму, единствено канонски и духовно легитимно е Вселенската Патријаршија да се смета за мајка Црква на МПЦ – Охридска Архиепископија. Нашиот првобитен Томос, кој некогаш ѝ припаѓал на ОА, бил насилно одземен и пренесен во Цариград по сила на тогашната световна исламска власт, и денес имаме полноправно право да побараме негово враќање.

Затоа, би било добро господинот Јован Вранишковски да престане со изнесување неточности кои создаваат забуни и можат повторно да отворат простор за нови црковни поделби.

Наместо тоа, потребно е да се покаже духовна зрелост и почит кон историската вистина и канонскиот поредок на Црквата.

Пишува: Петар Богојески, претседател на Македонски Концепт

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Букурешт ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир во 2026 година

Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде...

„Божја заповед“ или стратегија? Русија планира православна капела под НАТО-радарите во Норвешка

На островот Вардо, во северна Норвешка, каде што се наоѓаат големи радарски станици на НАТО, се појавилнеобичен проект:...

Во нов напад во Етиопија убиени тројца припадници на Ethiopian Orthodox Tewahedo Church

Етиопија повторно се најде во центарот на сериозен инцидент: тројца припадници на Етиопската православна црква биле убиени на...

Стравот од депортација ги држи латиноамериканските имигранти во Чикаго дома – не одат дури ни на миса

Во Чикаго, голем број латиноамерикански католици, особено имигранти без регулиран статус, ги пропуштаат неделните богослужби од страв од...