Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир (ITO 2026), на кој ќе учествуваат млади верници од целиот свет.
„Следниот меѓународен настан ќе се одржи во септември следната година, кога во тек на 3 до 4 дена ќе биде организиран Меѓународниот православен младински собир во Букурешт,“ изјави Патријархот Даниел на свеченоста во Патријаршиската палата минатиот четврток.
Тој додаде дека во таа насока треба да продолжат градежните активности на Националната катедрала, со цел комплетирање на целиот комплекс. „Мора да продолжиме со работа — да се заврши иконографијата на катедралата на приземното ниво, да се подготви капелата во подземниот дел, како и урбаната пештера на Свети Андреј Првоповикан…, која ќе биде мултифункционален културен простор, па дури и место за кулинарски настани, бидејќи и кулинарската уметност е дел од традиционалната култура,“ истакна Патријархот.
Меѓународниот православен младински собир (ITO) е настан што го организира Романската православна црква за млади верници од Романија, дијаспората и братските православни цркви и е проект поддржан од ЕУ.
Првото издание се одржа во 2014 година во Баја Маре, а потоа настанот традиционално се организираше во различни романски градови: Клуж-Напока (2015), Букурешт (2016), Јаш (2017), Сибиу (2018) и Крајова (2019).

