Православните епископи од Бенелукс на средба во Брисел – без претставник на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Православната епископска конференција на Бенелукс ја одржа својата 31. седница во седиштето на Православната архиепископија на Белгија, во Брисел, под претседателство на митрополитот Атинагора од Белгија (Вселенска патријаршија). На средбата, одржана на 4 ноември, присуствуваа претставници на повеќе помесни православни цркви – меѓу нив и епископи од Српската и Руската православна црква – но не и претставник на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Отсуството на МПЦ-ОА на оваа средба, и покрај тоа што Српската и Руската православна црква веќе официјално ја признаа нејзината автокефалност, укажува дека македонската црква сè уште не е третирана како рамноправна автокефална членка во рамките на меѓуправославните структури.

На конференцијата, која ги обединува православните епископи од Белгија, Холандија и Луксембург, присуствуваа митрополитот Серафим од Романската патријаршија, епископите Јустин (Српска патријаршија), Симеон (Московска патријаршија), Доситеј (Грузиска патријаршија), Јоаким од Аполонија и Марко од Неамц.

Епископите разговараа за признавањето на православните парохии од страна на белгиската држава, развојот на соработката со властите, како и за капеланската служба во војската и затворите во Белгија и Холандија. Тема на разговор беа и младинските активности, можноста за воведување на православна веронаука во холандските училишта, како и претстојното поклоничко патување на православните верници од Бенелукс во Романија во септември 2026 година.

Следниот состанок на Православната епископска конференција на Бенелукс е закажан за 29 јануари 2026 година, заедно со католичките епископи, а потоа и за 18 јуни 2026 година.

Православната епископска конференција на Бенелукс е формирана во 2009 година по одлука на Четвртата Панправославна предсоборна конференција во Шамбези, како дел од поширокиот систем на регионални православни собири под покровителство на Вселенската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православната Црква на Украина остро го осуди Патријархот на Москва

Светиот Синод на Православната Црква на Украина (ПЦУ), на последната седницата разгледувал две главни прашања. Континуираното мешање на...

Црквата на Грција со рекордни 128 милиони евра за добротворна работа во 2024 година

Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност,...

Национализмот не е христијански

Кога христијанството се појавило во Римското царство пред две илјади години, не било пречекано со одобрување ниту од...

Чешка воведува санкции за Иларион Алфеев – се соочува со забрана за влез и замрзнување на имот поради сомнежи за шпионажа

Владата на Чешка, предводена од премиерот Петар Фијала, подготвува воведување санкции против митрополитот Иларион (Алфеев) – поранешен „министер...