Серафим од Слепче нов архимандрит – дали му се отвата патот за владика во Австралија?

Date:

Share post:

Игуменот на Слепченскиот манастир Серафим е унапреден во архимандрит на МПЦ-ОА. Одлуката е донесена на синодската седница летово, но тогаш Синодот само соопшти дека се донесени одлуки за унапредување, но не соопшти имиња.

Дека Серафим е архимнадрит, се чита од вест објавена на црковниот портал Литургија.мк, а се однесува на негова посета на Австралија, каде тој е титулиран како архимандрит. Серафим бил во Австралија на покана од тамошниот митрополит на СПЦ.

-На 6 ноември годинава, Високопреподобниот архимандрит Серафим од манастирот „Св. Јован Крстител“ – Слепче, Демирхисарско, го посети Високопреосвештениот Митрополит Австралиски и Новозеландски г. Силуан од Српската Православна Црква во неговата резиденција во Кабрамата. Отец Серафим пристигна во Австралија во придружба на две монахињи од Слепченскиот манастир. По срдечниот прием и братскиот разговор, гостите, во придружба на Митрополитот, го посетија Колеџот „Св. Сава“ во Варовил. При таа прилика им беше претставена работата на Колеџот, како и плановите за понатамошен развој на оваа просветна установа што функционира под покровителство на Српската Православна Митрополија на Австралија и Нов Зеланд, пишува во веста на Литургија.мк.

Од овие информации нема детали дали Серафим имал средби и со македонските црковни општини, но оваа негова посета на Австралија отвара многу дилеми, одобено што МПЦ-ОА се уште нема избрано наследник на покојниот администратор на една од тамошните епархии.

Назначувањето на Серафим за архимандрит, го вбројува во редот на потенцијални кандидати за тамошен владика. Серафим на јавноста и е познат по исклучително блиските релации со СПЦ и дел на блокот владици кои негуваат руско-српски симпатии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православната Црква на Украина остро го осуди Патријархот на Москва

Светиот Синод на Православната Црква на Украина (ПЦУ), на последната седницата разгледувал две главни прашања. Континуираното мешање на...

Црквата на Грција со рекордни 128 милиони евра за добротворна работа во 2024 година

Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност,...

Национализмот не е христијански

Кога христијанството се појавило во Римското царство пред две илјади години, не било пречекано со одобрување ниту од...

Чешка воведува санкции за Иларион Алфеев – се соочува со забрана за влез и замрзнување на имот поради сомнежи за шпионажа

Владата на Чешка, предводена од премиерот Петар Фијала, подготвува воведување санкции против митрополитот Иларион (Алфеев) – поранешен „министер...