Поглаварот на римокатоличката црква беше пуштен денеска болницата Гемели во Рим во неделата по повеќе од пет недели хоспитализација поради запаление на двете белодробни крила.
„Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата Гемели пред да биде пуштен од болница.
Тој денеска се враќа во Ватикан, каде што ќе започне со опоравување од „најмалку два месеци“, соопштија неговите лекари.
„Папата ќе замине и ќе се врати во куќата на Света Марта“ во Ватикан, каде што живее, изјави утрово лекарот Серџо Алфиери на прес-конференција во болницата „Гемели“ во Рим.
Кога ќе пристигне во Ватикан, се соочува со „долго закрепнување“ од „најмалку два месеци“, предупредува Алфиери. „Болницата, иако може да изгледа чудно, е најлошото место за опоравување бидејќи е местото каде што добивате најмногу инфекции“, објасни тој.
По неколку недели на вентилатор, поглаварот на повеќе од 1,4 милијарди католици ќе мора да продолжи со сесии за рехабилитација за да може повторно да го користи својот глас.

