Синодот на Српската православна црква ги повика сите оние кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани во Србија да размислат за сопствените гревови и да ги покажат плодовите на покајанието за време на Велигденскиот пост, со што индиректино застана контра студентските протести во Србија. Соопштението на Синодот потпишано од четворица владии и патријархот е во спротивност на она што од него го побараа шест архиереи на СПЦ, кои со писмо хги поддржаа студентите.
-Ајде сите да се запрашаме: дали има малку поделеност и раздор меѓу нашиот народ? Затоа, драги духовни чеда, ви се обраќаме и денес, како и секогаш, ве молиме на свиткано колено да направите се што е во ваша моќ за да го одржите мирот во нас и меѓу нас. Насилството само го умножува насилството и не внесува во маѓепсан круг во кој сите сме губитници, ги урива темелите на општеството и создава нови поделби, подлабоки од веќе наследените. Тоа го знаеле нашите мудри предци кои еднаш засекогаш рекле: злото не може да донесе добро. А сепак: силата не му угодува на Бога, но Бог не ја сака ниту силата, стои во соопштението.

