Струмица доби дел од моштите на Свети Стефан. На денот кога се празнува споменот за него, скопскиот бискуп и струмичко скопски епарх д- р Киро Стојанов донесе дел од моштите на првомаченикот во католичката црква од византиски обред ,,Раѓање на свети Иван Крстител,, во Струмица. И покрај тоа што светите мошти подолго време се наоѓаат во Македонија тие за прв пат беа изнесени пред верниците во државата.
Моштите во Струмица беа пречекани со посебна свеченост и во присуство на голем број верници. Според најавите на владиката Стојанов тие ќе останат во трајно поседување на црквата ,,Раѓање на свети Иван Крстител,, за да може верниците да се поклонат и помолат пред нив.
Во чест на празникот посветен на Свети Стефан синоќа беше одржана вечерна богослужба, а денеска света архиерејска литургија на која служеше и владиката Киро Стојанов.











