Изјавата на Архиепископот централна тема во грчката јавност

Date:

Share post:

Изјавата на Архиепископот Стефан од вторникот стана црентрална тема во грчките медиуми. Голем дел од медиумите оваа изјава ја доведуваат во корелација со претходните настани кои предизвикаа реакција околу преспанскиот договор. Коментарите во грчката јавност се дека изјавата на Стефан и изјавите на Силјановска Давкова, како претседател на државата и на Мицкоски, како иден мандатар се координирани. Во поопширна анализа „Ортодоксијаинфоњузагенси“ пишува дека изјавата на Архиепископот Стефан укажува на тоа дека Црквата во Скопје останува заглавена во запчениците на национализмот.

-Две години по историската одлука на Мајката Црква да ја прими во евхаристиска заедница дотогашната расколничка Скопска Црква, поглаварот на Црквата на соседната земја отстапува (се враќа назад) од напорите кои веќе прилично долго време се „замрзнати“ бидејќи црковното раководство и архиереите на соседната земја изведуваат акробации меѓу Москва и Белград.  Фактот за непочитување на она што го постави Вселенската Патријаршија го потврдува и неодамнешната изјава на Архиепископот Стефан во скопски медиум. Фактот, всушност, дека изјавата доаѓа само неколку дена по смената на политичкиот врв во земјата, ја засилува загриженоста за текот на развојот на настаните во односите Скопје – Фанар, пишува во анализата.

Авторот ја анализира изјавата на Архиепископот Стефан, дека трите услови од Вселенската патријаршија се неприфатливи, потенцирајќи дека „ставовите на Архиепископот Охридски г. Стефан се во спротивност со неговите први постапки кон Вселенската Патријаршија, бидејќи по одлуката на Светиот и Свештен Синод за востановување на евхаристискиот однос, самиот отиде во Фанар на денот Педесетница во 2022 година, каде што го прими од рацете на Сесветиот Вселенски Патријарх г.г. Вартоломеј Патријаршискиот и Синодален Акт, со којшто се ратификуваше новиот почеток за оваа Помесна Црква по одлуката од 9 мај 2022 година.“

-По ваквата одлука настана позитивна клима во развојот на настаните со Охридската Архиепископија. Следуваше период на прифаќање на новата црковна ситуација во Скопје, со тоа што повеќето Цркви ја поздравија одлуката за востановувањена евхаристискиот однос. Сепак, за некои Цркви, како онаа на Грција и Бугарија, името останува трн.  Работите се искомплицираа кога Црквата на Србија се појави да ѝ додели „автокефалност“ на Црква на Скопје. Патријаршијата на Москва го искористи овој настан со брзање да ја „поздрави автокефалноста на Македонската Црква“. Меѓутоа, тоа не беше ништо повеќе од сензационалистички потег и обид за превртување на правата (дадени) од Светите Канони на Црквата на Вселенската Патријаршија право да доделува Автокефалност на поновите Цркви. Во своето интервју за скопски медиум пред Пасха, Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил ја окарактеризира како срам за Црквата „автокефалноста“ на Охридската Архиепископија од страна на Патријархот Порфириј и како псевдо-Томос дејствието кое нема никаква важност, пишува во анализиата на „отродоксијаинфоњузагенси“.

Во продолжение на текстот авторот и дава политички контекст на изјавата на Архиепископот Стефан, потсетувајќи и на неговото велигденско послание, за кое авторот на текстот дава оценка дека „повеќе потсетува на национален манифест отколку на воскресна порака.“

-Како што на 12 јуни 2022 година во Фанар Вселенскиот Патријарх рече на Архиепископот Охридски г. Стефан, дека нивниот пат отсега ќе зависи исклучиво од нивниот личен став. („Вашиот понатамошен напредок зависи исклучиво од вашето лично однесување и од вашиот избор“.

Овој правец, како што докажува кажаното и напишаното, останува заглавена во запчениците на национализмот, чии облаци опасно се згуснуваат над небото на Западен Балкан, пишува во анализата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img