Втора Бадникова поворка во Штип

Date:

Share post:

Во Штип по вторпат се одржа Бадникова поворка. Околу 250 деца изутрината присуствуваа на литургијата во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип, а потоа се движеа низ улиците до градскиот плоштад „Слобода“, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“.

Теологот Панче Здравев вели дека целта на поворките е да се искорени паганската традиција со насилната содржина на песните, и да почнеме да ја употребуваме вистинската смисла на песната „Вечниот бог“ во која се опишува раѓањето на богомладенецот.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на градскиот плоштад „Слобода“ додели 250 пакетчинња на децата, кои учествуваа во Бадниковата поворка.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img