И покрај силниот студ и снегот кој утрово го зафати Скопје, сепак дечињата и нивните родители не се откажаа да зачекорат во Бадниковата поворка од Свети Димитрија до Соборниот Храм во Скопје, кој годинава беше претесен да ги прими сите кои беа дел од оваа величествена Бадникова поворка.
Целата манифестација за најавата за Христовото Рождество почна во дворот на црквата Свети Димитрија, каде дел од музичките имиња кои ја поддржуваат Бадниковата поворка ги пееја Божикните песни, а потоа сите заедно во долга колона заминаа кон Соборен, пеејќи го Вечниот Бог.
Во храмот на Свети Климент Охридски ги пречека Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а потоа за сите дечиња беа поделени Божикни пакетчиња.
Оваа година продолжи традицијата која добива се поголем одек во јавноста.


Каде е Свештенството,во поворката? Кадилницате и Иконите!!!