Британска туристка убиена во Ерусалим на Велики Петок

Date:

Share post:

Една жена е убиена во напад со нож во градски воз во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Според израелските медиуми, жената е Британка, а напаѓачот е фатен од полицијата.

Израелската служба за безбедност го идентификува напаѓачот како 57-годишен Палестинец од источен Ерусалим, со ментални проблеми. Напаѓачот, според информациите, во 2011-та година бил осуден за сексуално злостсвување на своите ќерки.

Веста за нападот во Ерусалим предизвика страв, поради тоа што тој се случил на Велики пред Велигден, кога во Ерусалим доаѓаат голем број туристи од целиот свет.

/МАКФАКС.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img