Македонија е втора најрелигиозна држава во Европа, а воедно и една од дваесетте најрелигиозни во Светот.
Ова го покажува новото глобално истражување, направено од Вин Галуп интернешанел, посветено на перцепцијата на Бог и влијанието на религијата во државите.
Според ова истражување, што за Македонија го спровела Брима Галуп, високи 84 проценти од населението во Македонија е религиозно.
10 проценти се декларираат како нерелигиозни, а 1 процент атеисти. Македонците во 88 % се изјасниле дека веруваат во Бог, 6 % дека неверуваат и ист процент не знаат дали веруваат.
Во Европа, единствена порелигиозна држава од Македонија е само Косово, каде дури 94 % од испитаниците за себе рекле дека се верски определени. Меѓу порелигиозните се државите од регионот. Србија (75%) Грција (73%), Албанија (56%) и Бугарија 51%.
Истражувањето покажува дека најрелигиозни земји во светот се Тајланд со 98% и
Нигерија со 97%. Потоа се Косово, Индија, Гана, Папуа Нова Гвинеа и Брегот на Слоновата Коска со процент од 94% религиозни граѓани
Од друга страна, Кина е најмалку религиозна земја каде секој седми од десетмина испитаници се изјаснил како атеист, а 23% себе си се сметаат за нерелигиозни.
Анкетата на ВинГалуп Интрнешанел е спроведена во 68 држави во Светот, а на глобално ниво биле интервјуирани вкупно 66.541 лице. Од нив 62% се изјасниле како верници, 74% веруваат дека човекот има душа и 71% веруваат во Господ, 56% во Рај, 54% во Живот после смртта, а 49% веруваат дека постои Пекол.
Генерално, кај луѓето со поголем степен на образование и поголеми примањата, степенот на религиозност опаѓа.
Анкетата била спроведена од 25 ноември до 2 декември 2016 година.


Samo vo najsiromanite zemji, kade sto drzavata nema sto drugo da punudi, religajata jaknee, a vo bogatite pak religiozniot fanatizam. Makedonija nema sto drugo da ponudi , osven bezgranicno cuvstvo na religioznosta kako zamena na industrijalizicija.