Канада оваа недела го усвои предлог законот според кој ќе се забрани секој вид на критика на исламот. И покрај фактот дека 71% од Канаѓаните се против ова мерка, пртениците во канадскиот парламент го усвоија „М-103“ предлог законот со мнозинство 201 спрема 91.
Новиот закон предвидува секој граѓанин кој ќе го критикува исламот да биде уапсен и обвинет за „исламофобија“ – злочин поради кој престапницити потенцијално може да завршат во затвор.
Петицијата на „CitizenGo” бара од пратениците да го запрат рестриктивниот предлог „Против богохулењето“ кој е потпишан од 79.500 луѓе.
Како што пренесува „LifeSiteNews”, иако овој предлог не ги менува постоечките закони ниту креира нови, тој го засилува комитетот да го проучи прашањето „ елиминација на исламофобијата“, и федералната влада да собере податоци за исламското „злосторство од омраза“ за понатамошни истражувања.
Конзервативната алернатива на овој предлог која го осудува расизмот и дискриминацијата против муслиманите, Евреите, христијаните и другите верски групи – без исклучок на зборот „исламофобија“ – е поразен од страна на либералите во февруари. Либералите тогаш тврделе дека торијевците едноставно се обидувале да ја „разблажат“ самата цел на „М-103 предлог законот, наведува Huffington Post.
/Исламски центар
