Прашањето за секуларноста во Македонија, з аулогата на верските заедници, за политиката и нејзините влијанија се дел од темата за денешната епизода од серијалот „На Иста Страна“, што почнува на Сител во 11 часот.
На таа тема зборуваат Отец Бобан Митевски од МПЦ и професорот на факултетот за исламски науки, Хасан Џило.
Има ли атеисти во Македонија и од кој профил се? Како тие гледаат на религијата и секуларноста е сторијата од оваа епизода.
Во емисијата зборуваат и универзитетската професорка Татјана Стојановска Иванова како социолог и Столе Наумов со своите размислувања како новинар.
Директорката на комисијата за односи со верски заедници, Валентин Божиновска прави пресек на улогата на државата и нејзината моќ да биде неутрален медијатор меѓу верските заедници.
Не пропуштајте во 11 на Сител, сабота…

