Верски календар: 17 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван де Мата.
Бил роден во 1154 година во местото Фаукон во јужна Франција. Татко му бил барон, а мајка му грофица. Побожните родители го учеле на милосрдни дела, со кои им помагал на сиромашните и болните. Подоцна одлучил да стане свештеник и работел за ослободување на христијанските робови кои “паднале” во рацете на муслиманите. За таа цел го основал Пресветото Тројство. Свети Иван собирал пари за откуп на робовите. Кога отпатувал во Тунис бил изложен на големи опасности и претепан. Пред да умре се сретнал со свети Фрањо Асишки.

