За Бадник снаата од Албанија ја продлжува традицијата во семејството Стоеви

Date:

Share post:

Православните верници со голма радост ја очекуваат објавата на веста за раѓањето Христово. Подоготовките за големиот празник уште пред неколку  дена започнаа во домовите на сите семејства кои утре ќе го прослават Божиќ. Така е и во семејството Стоеви од селото Штука во општина Босилово. Домакинката Ангела која пред седум години овде дошла како невеста од Албанија вели дека за празникот се подготвува со големо задоволство. Посебна радост и причинува подготовката на празничната трпеза и пречекувањето на Бадник.

snaa-Многу е поубаво и многу ми се допаѓа. Бадник , Божиќ и Велигден многу ми е мило да си ги правам.  Многу го сакам празникот оти имаш желба, имаш радост, се имаш,  посебно кога имаш фамилија и деца уште поголема желба имам  да си правам  јадење и богата трпеза со се да има на неа. Секоја година, секој празник сама си подготвувам се и многу ми се допаѓаат тие подготовки бидејќи многу е поинаков обичајот од нашиот Божиќ во  Албанија. Многу е поубаво  тука и многу повеќе ми се допаѓа прославата на Божиќ , вели Ангела Стоева

Бадниковата вечера Ангела ја подготвува онака како што ја научила нејзината свекрва и  на неа има се како што налага традицијата, јадењата се посни,  а централното место е за  бадниковата погача со паричка.  Покрај посните јадења за Бадник таа задржала уште еден елемент од традицијата на семејството на нејзинот сопруг и наместо на маса бадниковата трпеза ја поставуваат на синија како во старите времиња.

-Многу ми е интересна и синијата на која јадеме тука за време на Бадник. Многу е поубаво, сите јадења ќе ги подготвиш ќе ги ставиш на синијата, ќе си седнеш со децата со фамилијата, со постарите, навистина е многу поубаво и посебно, вели Ангела

Бадник и Божиќ со голема радост го пречуваат сите од  семејството Стоеви, но сепак најмногу му се радуваат најмладите членови. Годинава овој празник за нив ќе биде посебен бидејќи сега имаат  уште еден член повеќе  па на трпезата покрај петгодишната Дејана, тригодишната Зорица ќе биде и шестмесечната Дениса за која ова ќе биде прв Бадник.  По вечерата согласно традицијата сите ќе останат дома,  утре прво ќе отидат на црква да запалат свеќа за здравје а потоа ќе чекаат гости,  но и ќе отидат кај постарите роднини да им го честитаат празникот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...