Сабота ќе започне со облачно, ветровито и прилично студено утро. Минималнате температура наутро ретко каде ќе биде „повисока“ од -10°С. Воглавно истата низ котлините ќе има вреност помеѓу -13°С и -17°С, а на повисоките места во западниот регион таа ќе има вредност до -20°С.
Облачноста ќе се намалува попладне во западниот крај, а приквечер и во централниот крај.
Ветерот сеуште ќе биде „актуелен“. Ќе дува умерен, долж повардарие и на повисоките места засилен до силен северен ветер.Максималната температура ќе остане под нувата. ќе има вредност во границите помеѓу -11°С и -8°С, а на југоисток околу -6°С.
Скопскиот крај го очекува облачно време. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Дневниот од на температурата ќе биде од минимални -13°С до максимална околу -8°С.