Српскиот претседател Александар Вучиќ ја внесе МПЦ-ОА во својата предизборна кампања за изборите, што во Србија ќе се одржат на 17 декември.
Во предизборен спот, снимен во манастирот Покров на Пресвета Богородица – Ѓунис, Вучиќ ја спомнува МПЦ-ОА во контекст на тоа како СПЦ го напраила најважното нешто за српскиот народ и за српската држава.
-Тоа што Вие го направите со македонската црква, а наспроти разните озборувања… ја направивте најголемата можна работа за српскиот народ и за српската држава, вели во еден дел од видеото Вучиќ.
Што сака да каже Вучиќ останува дилема. Што е тоа што СПЦ го има направено како јаголема работа за српскиот народ и српската држава а е поврзано со МПЦ-ОА?
View this post on Instagram

