Епископот Стобиски Јаков е вториот владика на МПЦ-ОА кој јавно се дистанцираше од постапките на Љупчо Палевски, кој заедно со уште неколку владици на МПЦ-ОА изминативе месеци собираше потписи за декларација за „заштита на Црквата и името на МПЦ-ОА“.
– Да не се залажеме, да не препознаеме и да не прогласиме херои и пазители и чувари на црквата, луѓе со антицрковен менталитет и кои му служат на духовите на поднебесјето и на злобата, во кои што се има, само светиот дух го нема. И тоа го видовме, изјави за време на беседата отец Јаков во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, на чествувањето на патронот на МПЦ-ОА, за кого отец Јаков вели дека е пример како изгледа некој кој се бори за црквата и ја чува.
Свети Клименте Ти ни остави пример како треба да изгледа човекот кој се бори за црквата, ја чува црквата и кој се бори и го чува македонскиот народ. Ние знаеме дека не му требаат луѓе кои што ќе ја чуваат црквата на Бога. Кој може да ја љуби црквата повеќе од оној што умре за неа и која што е негово тело… а тоа е каменот Христос врз кој што тој ќе падне го здробува , ној што ќе падне врз него ќе се разбие. И тоа го гледаме со векови, затоа црквата ништо нема да ја надвладее. Затоа не слушајте и не верувајте на херои кои плукаат на тронот на Свети Климент и на оној кој што денес седи на тој торон и се прогласуваат за поголеми чувари и љубители на црквата и ќе ја спасуваат црквата од нас кои освен црквата ништо друго немаме. Затоа свети оче Клименте ние кои што во тебе ја гледаме како во ризница ги гледаме сите дарови на светиот дух, мирот, радоста, љубовта, долготрпеливоста, милосрдноста, верата, кротоста… како што вели Свети Апостол Павле, по товите свети молитви замоли го светиот дух Господ и во нас да се всели затоа што така ќе се спасиме, оти против таквите нема закон. И ние не престанавме со векови во нашите архпастири, премници на свети Климент, како и денес во нашиот архипастир да ја гледаме кротоста, воздржливоста, љубовта, трпеливоста. Свети оче Клименте сочувај не нас во љубената ни Архиепископија Охридска и Македонска, нашиот народ и сите народи православни кои што т6е прославувата и те љубат до крајот на вековите, изјави владиката Јаков.
Викарниот епископ на струмичката епархија Јаков, заедно со митрополитот струмички Наум, беа дел од групата владици, заедно со епископот Антаниски Партениј и монасите од Бигорски, портив кои Палевски и неговата партија водеа кампања за линчување. Цел на напади беа и Владиката Пимен, но и Архиепископот Стефан.
Се уште останува отворено прашањето дали МПЦ-ОА ќе собере храброст внатре да расчисти со структури во црквата кои го „хранеа“ Палевски во нападите кон своите собраќа.


Дедо Јаков,
Монах со големо М!