СКАНДАЛ: Грчки митрополит им посакува смрт на Коптите, затоа што биле во ерес

Date:

Share post:

Скандалозно, нехристијански, полно со говор на омраза. Вака во кратки црти може да се окарактеризира писмото што Пирејскиот Митрополит Серафим, еден од грчките владици го испратил до коптскиот патријарх Теодор II, кој неодамна беше гостин на Грчката православна црква.

kopti i serafimПирејскиот Митрополит Серафим, кој во овој период е член на Светиот Синод на Грчката црква ги бојкотираше настаните на коптскиот патријарх, а сега во писмо на 20 страници му напишал и зошто тоа го сторил.

Серафим, кој е познат по скандалозните ставови, крајно ниско и безобразно му пишува на Патријархот Теодор II дека се она што им се случува на Коптите е резултат на нивниот ерес и тие сами биле виновни што се жртви на терористичките напади на исламистите во Египет.

-Ако ги истражувате сериозно работите ќе најдете дека ереста на монофизитизмот кон кој Вие и вашите татковци припаѓате, е одговорна за ширењето на исламот и за мноштвото и крвави напади, бидејќи најголемо место во учењето на исламот зазема вашата ерес.Троичниот Бог го користи против вас иноверниот ислам како крајно педагошко средство за казна поради вашето повлекување од православната вера, му напишал меѓу другото грчкиот митрополит на коптскиот Патријарх.

Меѓу најскандалозниот дел од писмото е повикот што Серафим му го испраќа на коптскиот патријарх за да се врати во православното единство.

-Да плачете горко и покајно и тогаш ќе биде примен и бидејќи смртта ви  е близу, ве повикуваме да побрзате да се покаете, пред да ви дојде крајот, пишува грчкиот митрополит во писмото.

Меѓу погрдните епитети што Серафим ги користи се „злочестиви еретици“, „безверници“ и ред други термини.

3 COMMENTS

  1. Каква глупост! Па зарем православните земји се најмоќните и најбогатите на светот?

  2. Каква глупост! Па зарем православните земји се најмоќните, најхармоничните и најбогатите на светот?

  3. Насловот нема врска нити со напишаното подолу во текстот нити со вистината, срамота е да се користите со методот на пишување на бомбастични наслови само за да имате поголема читаност (не сте единствени, многу сајтови го прават истото но кој и да го прави не е во ред). Грчкиот митрополит на ниту едно место во писмото не им посакал смрт на коптите заради нивната ерес. Тоа што го напишал дека сите зла и неволји кои не снаоѓаат се резултат на нашите гревови е вистина и е според православното учење. Нема ништо ни скандалозно ни нехристијански во тоа, нити во повикот на покајание и враќање во православното единство. И ние тука во Македонија да живеевме вистински православен христијански живот, во покајание и со стремеж кон совршенство, немаше ни политичка ни економска ни било каква криза да имаме. Тоа е факт и вистина дека сите зла и неволји не снаоѓаат заради нашите гревови, Бог ги допушта за да сфатиме дека грешиме и да се покаеме, за да ни го покажи патот на спасението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...