Расте бројот на крштевки во виничкиот храм „Свети Архангел Михаил“. Минатата 2017 година, со света вода биле покрстени 119 новороденчиња, одосно 10 повеќе од 2016 година. Од нив, 58 како првородени, 48 како второродени и 11 како трети деца во семејствата. Надеж дека годинава ќе донесе уште поголем број на крштевки изрази и виничкиот градоначалник.
– Се надеваме дека оваа година ќе имаме поголем број на новороденчиња. 2017-та година се родени околу 150 бебиња – изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница.
Димитров го посети првото новородено бебе во 2018 година. Тоа е Филип Илиев кој се родил на Бадник, тежел 2,5 килограми и бил долг 46 сантиметри.
– Општина Виница за првото новороденче обезбеди пакет производи и ваучер од 8.000 денари – дополни Димитров.
Од годинава, парите што првото новороденче ги добива како подарок од општината се зголемени од 5.000 на 8.000 денари.
/Нова Македонија

