Почетна Политичка теологија Велика Британија: Погледнете промотивен спот за регритурање на муслимани во британската армија

Велика Британија: Погледнете промотивен спот за регритурање на муслимани во британската армија

170
0

Најмалку 600 муслимански војници служат како професионалци во британската армија. Од пред неколку години, Министерството за одбрана на Велика Британија го стави во годишен календар муслиманскиот ден на војници во британската армија, а во овие церемонии, покрај војниците, се вклучени и цивили.

Молитвениот простор е обезбеден во касарната каде што се присутни муслиманските војници, а сите војници имаат три часа слободно време заради џума-намаз(петочната молитва).

Муслиманите уживаат привилегии и за време на месецот Рамазан, а храната која им е обезбедена е со халал стандарди.

Од 2009 година, зголемувањето на муслиманските војници во редовите на вооружените сили на Обединетото Кралство изнесува 20% со тенденција за натамошно зголемување. Британската армија дури учествува и во натпреварите за учење и меморирање на Куранот од 2013 година.

Интересно е да се напомене дека Велика Британија е единствена немуслиманска земја која ги испраќа своите муслимански војници на овај натпревар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *