Продолжуваме да ја градиме Македонија и заеднички да создаваме услови за сите – Мицкоски го честита Рамазан бајрам

Date:

Share post:

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до муслиманите во државата по повод празникот Рамазан Бајрам. Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите граѓани од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и да ви посакам добро здравје, радост, среќа, мир и спокој во семејствата.

Рамазан Бајрам е празник на солидарност и хуманост, кој ги учи богатите да се воздржат од личните удобвства и да не ги заборават сиромашните и сираците.

Овој празник значи дека преку добри дела, заемно почитување, трпение и меѓусебно разбирање можеме да го победиме лошото.

Заедно преку соработка, соживот, толеранција, вистински вредности и принципи ќе продолжиме да ја градиме заеднички Македонија во попросперитетна држава.

Нашата заложба како Влада е да ги негуваме културата, традицијата, различностите, но пред сè да реализираме проекти кои значат економски развој и напредок за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.

Сите заедно мораме да го смениме системот кој предолго ги оставал граѓаните без правда, достоинство и еднакви можности. Таа одговорност ја носиме пред сите сегашни, но и пред идните поколенија, да изградиме општество на фер вредности, слободни луѓе и силни институции.

Продолжуваме да ја градиме Македонија и заеднички да создаваме услови за сите.

На сите граѓани од исламска вероисповед им посакувам овие празнични денови да ги поминете во добро расположение, благосостојба и мир“, напиша Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...