Трајковска: Нашата заедничка иднина се темели на вредноста да живееме едни со други

Date:

Share post:

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска го честиташе Рамазан Бајрам. Во честитката до поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи нашиша дека Рамазан Бајрам е време кога тишината на душата зборува најгласно – за смиреноста, за силата на верата, за потребата да бидеме подобри луѓе.

-Нашата заедничка иднина се темели токму на тие вредности – да живееме едни со други, со отворено срце, со рака подадена во добро, со солидарност и разбирање, особено во тешките моменти. Да го негуваме соживотот кој генерации го негувале пред нас, во кој различностите нè збогатуваат, нè учат на трпение, на грижа и на искрено пријателство. Нека радоста на овој празник допре до секое семејство, до секое дете, до секое срце кое постело, се молело и се надевало. И нека нè потсети дека најголемата добрина е онаа што се прави во тишина, со чисто срце, токму како што вели Светиот Куран:  „Пред сè, натпреварувајте се во добри дела.“ (Сура Ел-Бекара, 148). Честит Бајрам! Бајрам шериф мубарек олсун!, стои во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...