Потребна е нова динамика на меѓурелигискиот совет

Date:

Share post:

Засилување на улогата на меѓуверскиот совет, негова зголемена динамика и зачестени средби и контакти меѓу петте уставни верски заедници се неопходни во овој период. Ова е заклучок од специјалната седница на дел од некогашниот меѓуверски совет, што беше организирана за потребите на емисијата „На Иста Страна“, која секоја сабота од 11 часот се емитува на ТВ. Сител.

sovet meМонсињор Антун Циримотиќ од Католичката црква, Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква и Виктор Мизрахи од Еврејската заедница, како поранешни членови на советот, заедно со професорот Ѓоко Ѓоргевски, декан на Православниот Богословски на МПЦ; поранешен член на издавачкиот одбор на Советот, како и Муарем Вејсели, претставник на ИВЗ, сметаат дека на Македонија и е неопходно активирање на овој совет, кој треба да работи на зголемување на довербата меѓу верските заедници во Македонија.

-Иницијативата за обновување на овој Совет, треба да дојде од верските поглавари. Тие сега се дел од овој совет. Тие го укинаа, тие треба да го обноват, вели мосињор Циримотиќ од Католичката црква.

-Овој совет не е во една динамика во која треба да биде. Ја би сакал да биде обновена работата на тој совет од млади луѓе. Да го искористат тоа искуство кое ние како луѓе го собиравме од секаде. Ние мораме нешто да разбереме. Македонија е простор на кој се сечат три круга. Тоа е јудеизам, христијанство и ислам. Тие кругови не се еден до друг. Тие кругови се пресечени. Имаме многу заеднички работи, вели Мизрахи од Еврејската заедница во Македонија.

Петте верски заедници, дел од Уставот на МПЦ, сметаат дека на меѓуверскиот дијалог не му е потребен никаков медијатор од страна. Основите за разговор се поставени и тие можат самите да ги решаваат проблемите.

-Имаме ние луѓе, наши и ногу други млади луѓе со кои можеме да отпочнеме нова страница. Ние сме тука да ги поддржиме. Стоиме зад нив, зад младите, да помогнеме, но енергијата ја имаат тие, вели Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква во Македонија.

-Што се однесува до медијаторство од страна, ставовите на сите нас, повеќе или помалку се движат во иста насока. Секако дека е добро повремено да се учат туѓите искуства. Добро е повремено да се види како некој друг гледа на нас. Но мислам дека на овој степен на развој на меѓурелигиски дијалог, доверба помеѓу верските заедници, мислам дека надворешно медијаторство е сосема непотребно, вели професорот Ѓоргевски од МПЦ-ОА.

Исламската верска заедница веќе има покренато иницијатива за официјализирање на овој совет како едно формално тело, кое постојано ќе биде во комуникација.

-Меѓурелигискиот совет е најдоброто нешто што му се случило на нашето мулти-конфесионално општество. Медијацијата пак ние не ја гледаме како некакво неопходно решение. Ние немаме некои отворени прашања за кои треба некој од страна да биде медијатор за решавање, вели Муарем Вејсели од ИВЗ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Демократски штит на ЕУ: Русија со години подготвувала дезинформативен напад во Молдавија

Европската унија ја претстави новата стратегија „Демократски штит“, замислена како одговор на забрзаните дезинформативни кампањи и хибридни закани,...

Православието меѓу мирот и војната: животот е свет, а војната – зло што бара покајание

Во богословската анализа објавена од православната заедница Saint John Church под наслов „Војната и мирот во источноправославното христијанство“,...

47.116 Етиопјани преминаа во православието во изминатите дванаесет месеци

Во сведоштво за силата на евангелизацијата и општественото делување, дури 47.116 граѓани се обратија во Етиопската Православна Тевехедо...

Архиепископот Стефан со подароци за Агатангел и Пимен

Митрополитите Агатангел и Пимен добија архиерејски инсигнии – крст и панагија, како подарок од Архиепископот Стефан. Архиерејските одличија, поглаварот...