Бискупот Киро Стојанов се сретна со папата

Date:

Share post:

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, учествувал на генералната аудиенција, што на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја предводел папта Лав. Стојанов во средата бил и на Конференцијата за семејство и живот организирана од Советот на Европските бискупски конференции, а имал и кратка средба со папата.

-На кратката средба со папата Лав XIV епископот Стојанов го поздрави од верниците на Католичката црква од Македонија, пренесувајќи му дека Црквата моли за него и го замоли за благослов на верниците и сиот македонски народ и граѓаните на Македонија и ги препорача во неговите молитви, пишува интернет порталот католици.мк.

Утрово, епископот Стојанов сослужувал на светата Литургија на гробот на свети Јосафат во базиликата Свети Петар, епископ и маченик за единство на христијаните.

-Светата архиерејска Литургија ја предводеше епископот Григориј Комар, Апостолски администратор за верниците Украинци во Италија, а сослужуваа и епископите во мирување Дионизиј и Иринеј Билек, пишува порталот.

На Генералната аудиенција присуствувала група од Македонија, кои се на поклоничко патување во Рим по повод Јубилејната година, а во организација на Делото Мариино.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here