Поглаварот на Исламската верска заедница, х. Сулејман еф. Реџепи, придружуван од својот соработник Али Барагони, учествуваал на меѓународната конференција за различитостите што во Египет се одржа од 28 февруари до 1 март, 2017 година, информира ИВЗ.
На конференцијата учествувале повеќе 60 земји со свои претставници, муслимански и христијански верски лидери, политичари и интелектуалци од разни култури.
Основна тема на конференцијата беше “Слободата, родољубието, диверзитетот и интеграциите“.
Голем број учесници зборувале на теми околу соживотот, хармонијата и меѓуконфесионалниот дијалог.
Своите ставови за овие теми ги искажале високи светски личности, како Шејхул Аз хар, Баба Шенуда, претставник на Католичката Црква, Либанскиот Муфтија, претставникот на египетските шиити, и др.
Рејсот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во своето обраќање зборувал за проблемите на муслиманите во Македонија и за перманентните напори на Исламска верска институција за соживот и меѓуверска хармонија.
Како што информираат од ИВЗ, во оваа прилика, ефенди Реџепи се сретнал со Шејхул Азхар шејх Ахмед Тајиб, со кого разговарале за теми од меѓусебен интерес. Реџепи се сретнал и со претставници на студенти на ИВЗ што студираат во Каиро.

