Почетна Вести Швајцарскиот сенат ја одби забраната за носење бурки
Швајцарскиот сенат ја одби забраната за носење бурки

Швајцарскиот сенат ја одби забраната за носење бурки

78
0

Горниот дом на швајцарскиот парламент го одби предлогот за општа забрана за носење на исламскиот вел и други предмети за облека преку лице, пренесоа локалните медиуми.

svajcarija 1Предлог законот кој е усвоен во долниот дом на парламентот беше одбиен по расправата во Сенатот. Во предлогот на Валтер Вобман, пратеник на Швајцарската народна партија, државата била повикана да забрани носење бурки, никаб и други прекривки за лице во јавност, водејќи се од кантоналниот закон кој е прифатен во италијанскиот кантон Тицино во јули минатата година.

Вобман ја покренал иницијативата до септември да се соберат 100 000 потписи што би овозможило овој предлог да биде изнесен на референдум, пренесе Раша тудеј.

Сенатот гласаше против овој предлог со објаснување дека во Швајцарија нема потреба за таков вид забрана со оглед на тоа дека само неколку жени во оваа земја носат таква прекривка.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *