Почетна Вести Поглаварот на ИВЗ, Реџепи на меѓународна конференција за соживот во Египет
Поглаварот на ИВЗ, Реџепи на меѓународна конференција за соживот во Египет

Поглаварот на ИВЗ, Реџепи на меѓународна конференција за соживот во Египет

43
0

Поглаварот на Исламската верска заедница, х. Сулејман еф. Реџепи, придружуван од својот соработник Али Барагони, учествуваал на меѓународната конференција за различитостите што во Египет се одржа од 28 февруари до 1 март, 2017 година, информира ИВЗ.

ivz kairo 3На конференцијата учествувале повеќе 60 земји со свои претставници, муслимански и христијански верски лидери, политичари и интелектуалци од разни култури.

Основна тема на конференцијата беше “Слободата, родољубието,  диверзитетот и интеграциите“.

ivz kairoГолем број учесници зборувале на теми околу соживотот, хармонијата и меѓуконфесионалниот дијалог.

Своите ставови за овие теми ги искажале високи светски личности, како Шејхул Аз хар, Баба Шенуда, претставник на Католичката Црква, Либанскиот Муфтија, претставникот на египетските шиити, и др.

ivz kairo 2Рејсот на ИВЗ, Сулејман  Реџепи, во своето обраќање зборувал  за проблемите на муслиманите во Македонија и за перманентните напори на Исламска верска институција за соживот и меѓуверска хармонија.

Како што информираат од ИВЗ, во оваа прилика, ефенди Реџепи се сретнал со Шејхул Азхар шејх Ахмед Тајиб, со кого разговарале за теми од меѓусебен интерес. Реџепи се сретнал и со претставници на студенти на ИВЗ што студираат во Каиро.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *