Поделби ја тресат Бугарската православна црква

Date:

Share post:

Контроверзниот Архимандрит Дионисиј го подели Синодот на Бугарската православна црква.

bpc sinod 2Откако на дневен ред на САС на БПЦ се најде точката за негово санкционирање, вчерашната синодска седница пропадна и не се одржа, бидејќи највисокото тело на БПЦ не успеа да обезбеди кворум за работа. Најголем број членови на Синодот не дојдоа на закажаната седница во „Синодалната палата“.

Денеска Владиците на БПЦ ќе направат нов обид за одржување на седницата на бугарскиот синод.

Вчера како и што се најави пред Патријаршијата во Софија се собра поголема група верници кои протестираа и бараа санкционирање на Архимандритот Дионисиј кој е старешина на Црквата „Св. Александар Невски“ во Софија.

Судирот меѓу Дионисиј, свештениците од овој храм и верниците настана по контроверзната прослава за велигден и огнометото што тој го нарачал за време на литургијата, а потоа и по откажувањето на свештениците да сослужуваат со него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img