„Патувајќи“ е новата книга на Европскиот Митрополит, г. Пимен која наскоро ќе се најде во продажба на Клубот Матица.
Книгата претставува записи на Отец Пимен од неговите патувања, бидејќи како што е мотото на ова дело „Од сите книги на светот, најдобрите приказни се пронаоѓаат на страниците од пасошот“.
-Често патувам. И долго. Понекогаш со часови, со денови. Многупати со кола, со луѓе во кои имам доверба, со кои делам размислувања …, вели Отец Пимен.
Диоген бараше со газиена ламба човек, односно она што значи човек. Отец Пимен патувајќи и духовно и физички, ги пронаоѓаше луѓето. Успеа во она што Диоген не го финишира и ја пронајде светлината во секој човек. Духовната сила во книгата ПАТУВАЈЌИ е бесценето богатство откинато од неговото милосрдно срце!
-Се чувствувам како да сум станал веќе зависник од километража, од постојана промена на држава, град, кревет … вели Отец Пимен.

