Почетна Вести Каба во Мека покриена со италијанска свила и германско злато
Каба во Мека покриена со италијанска свила и германско злато

Каба во Мека покриена со италијанска свила и германско злато

464
0

Секоја година за време на аџилакот се поставува нова покривка на Каба во Големата џамија во Мека, најсветото место за муслинаните. Црната наметка на Каба е позната уште и како кисва.
Покривката е изработена од свила и е тешка приближно 670 килограми, што е доволно да ја покрие Каба во целост.

Свилата од која се прави покривката се увезува од Италија, додека златото и среброто, кое се користи за украсување на ткаенината се увезува од Германија.

Наметката се изработува во Саудиска Арабија, а кралството секоја година за таа намена издвојува околу шест милиони долари.

Важно е да се напомене дека во минатото покривките за Каба се прозиведувале во Египет се до 1962 година. Биле во разни бои, како црвена, зелена или бела боја, но сега секогаш се изработуваат во црна боја со позлатен вез.

Пред да се постави нова покривка на Каба, таа се чисти со вода од Земзем извор, со ружина вода и со масло од оуд.

Се очекува оваа годинана аџилакот во Мека и Медина да учествуваат околу два милиони муслимански верници.

/Ал Џезеира

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *