Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, го повтори својот став дека е против намерата на Каталонија еднострано да прогласи независност.
Како што пренесува шпанскиот католички магазин „Нов живот“, папата Франциско на шпанскиот амбасадор во Ватикан, Џерард Бугал, му рекол дека Светата столица е против самоопределувањето на народите, освен во случај на процесите на деколонизација.
Според зборовите на папата, Ватикан ги отфрла сите потези што не се во согласност со законот.

