Папата Франциск во посета на Азербејџан

Date:

Share post:

Папата Франциск кој се наоѓа во посета на каспискиот регион, престојува денеска во Азербејџан.

Оваа касписка држава, поранешна советка република, е муслиманска земја, во која живеат само 300 католилци, но официјален Ватикан и папата се определија за посета, во рамките на политиката на католичкиот поглавар за „религиозна коегзистенција„.

Претходно, папата беше во посета на Грузија, во која има само еден отсто католици, додека најголемиот број од населението се православни христијани.

papa-azerbedzan-1На мисата на отворено, што папата обично ја практикува при своите посети низ светот, на стадионот кој може да прими 25 илјади гледачи, имало само неколку илјади присутни.

На мисата присуствувал грузискиот претседател Георги Маргвелашвили, но било видливо отсуствувото на другите политичари.

Локалните аналитичари тоа го објаснуваат со скорешните избори во земјата и со стравот на политичарите   од можната негативна рекција на гласачите – православни верници.

Грузиската православна црква им порача на Грузијците  да не присуствуваат на „католичката миса„ иако патријархот Илија, го поздрави папата при неговото пристигнување во Тбилиси, нарекувајќи го „мил брате„.

„Се додека постојат догматски разлики меѓу двете цркви, православните верници нема да присуствуваат на нивната (католичка) миса„ изјавил висок претставни на грузиската црква.

Тој ја споредил мисата на папата во (праославна) Грузија, како кога еден сунитски муслимански верски лидер би држел проповед, во Иран во шиитска џамија.

„Тоа во секој случај, не би можело да се случи„- рекол овој грузиски свештеник.

Папата Иван Павле Втори, во 1999 година, престојуваше во Грузија, но само како шеф на држвата Ватикан, а не како верски лидер.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...