Папата Франциск: Христијанството во Европа дојде од Македонија

Date:

Share post:

Папата Франциск посвети цела проповед за Македонија, прикажувајќи ја како врата преку која дошло Христијанството во Европа. На ауденцијата во четвртокот на 30 октомври 2019 година во Ватикан, Папата Франциск зборуваше за моќта на евенгелизацијата, опишувајќи го примерот со покрстувањето на Лидија од Македонија и мисијата на Апостол Павле. Опишувајќи го настанот, Папата потсети на неговата посета на Македонија и дека Македонците се многу горди на тоа.

-Тоа јасно  го гледаме кога Апостол Павле, доаѓајќи од Троја имал едно видение. Некој Македонец го моли: „Прејди во Македонија и помогни ни“. Народот на Северна Македонија се гордее со тоа, многу се гордее со тоа дека го повикале Павле да им токму тој им во навести Исус Христос. Ми остана убаво сеќавање од тој добар народ кој многу добро ме прими: Нека ја чуваат оваа вера, која Павле им ја проповедаше. Апостолот без никакво колебање заминува во Македонија, уверен дека го испраќа самиот Бог и доаѓа во Филипи „римска колонија“, на Виа Игнација да го проповеда Евангелието. Павле овде се задржува неколку дена. Три настани кои ја карактеризираат неговата посета, 1 евангелизацијата и крштевањето на Лидија и нејзиното семејство.(…) Тука го имаме сведочењето за доаѓањето на Христијанството во Европа, тоа е почеток на процесот на инкултурација која трае и до денес. Тоа дојде од Македонија, рекол Папата на ауденицијата во Ватикан.

Познавачите на верските прилики велат дека оваа порака на Папата треба да се гледа и низ призмата на последните случувања на политички план со недобивањето датум за преговори за Македонија.

-Секоја проповед на Папата е порака, ништо не е случајно, ништо не е без цел. Ова е потсетување кон политичките лидери во Европа, дека Македонија е Европа и нејзиното место е во европското семејство, велат за религија.мк, познавачите на црковните прилики.

Погледнете го целото видео од ауденцијата и проповедта на Папата, преведено и на неколку светски јазици.

2 COMMENTS

  1. AKO E ZADOCNETO NE E ZABORAVENO.
    OD USTATA NA PAPATA , JAVNO E SOOPSTENO PRED CELIOT SVET DEKA MAKEDONIJA E LULKATA NA HRISTIJANSTVOTO

  2. И…?
    Не се живее на стара слава!
    Што е денес ,Македонија , многу поважно е!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...