Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан, Кардиналот Божаниќ и градоначалникот Бандиќ во посета на црквата на МПЦ во Загреб
Архиепископот Стефан, Кардиналот Божаниќ и градоначалникот Бандиќ во посета на црквата на МПЦ во Загреб

Архиепископот Стефан, Кардиналот Божаниќ и градоначалникот Бандиќ во посета на црквата на МПЦ во Загреб

338
0

Архиепископот Стефан бил во канонска посета на Европската епархија и ја посетил градбата на црквата на МПЦ-ОА Света Злата Мегленска во Загреб. Заедно со него биле и загребачкиот градоначалник Милан Бандиќ и хрватскиот кардинал Јосип Божаниќ. Веста е објавена на официјалниот сајт на градот Загреб.

-Во придружба на поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан и загребачкиот надбискуп и хрватски Кардинал Јосип Бижаниќ, градоначалникот Милан Бандиќ, утринава направи обиколка на градилиштето од пастроалниот центар и на Македонската православна црква Света Злата Мегленска. По обиколката, Неговото Блаженство г.г Стефан изрази задоволство што денеска е сведок дека во Загреб православните Македонци се срдечно примени. Овој храм во Загреб е птврда на пријателството меѓу двете држави, двата народа и двете цркви и благодарам на сите кои допринесоа за изградбата на ова големо дело, додаде Архиепископот, пишува во текстот објавен на сајтот на Градот Загреб.

-Ни причинува задоволство да биделе во Божји храм во кој ќе се собираат православните Македонци, а тоа зборува дека Загреб е отворен за сите кои во него доаѓаат и им овозможува на верниците да ја исповедаат својата вера. Во Загреб, освен православните Македонци, се собираат и верници од Романската и Бугарската православна црква и тоа во црквите кои им ги даде Загребачката надбискупија, изјавил Кардиналот Божаниќ.

Загребачкиот градоначалник пак искажал почит кон двајцата духовници и потенцира дека неговиот најголем проект е што Загреб е навистина мултиетнички, мултиконфесионален и мултикултурен град.

Во текстот има потсетување дека Архиепископот Стефан во 2016 година во Скопје на градоначалникот Бандиќ му доделил највисоко одликување на МПЦ-ОА, Орден на Свети Климент Охридски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *