Верски календар: 4 Февруар
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван де Брито.
Бил роден во 1647 година, во Лисабон. Во младоста се одлучил за духовниот сталеж. Имал желба да работи во мисијата во Индија. Како мисионер имал многу напорен живот. Патувал пеш, се хранел оскудно, спиел малку и тоа под отворено небо. Бил изложен на многу опасности од невреме и од диви животни. Господ го следел својот слуга Иван со чудесни знаци. Иван де Брито поради проповедувањата претрпел многу невољи: бил камшкуван, окован во ланци, потоа фрлен на остри камења и на крајот убиен во 1694 година поради големата вера во Христос.