108
0
Верски календар: 28 Април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Петар Чанел.
Бил роден во Франција, во 1803 година. Кога станал свештеник, во 1836 година отпатувал во Океанија за да ја шири Христовата радосна вест. Со радост ги извршувал своите свештеничките работи, им помагал на сиромашните и проповедувал. Ги сакал сите луѓе, а во врска со тоа на своите пријатели им рекол: “Во напорната мисија треба да бидеме свети”. Пред да умре рекол: “Не е важно дали јас ќе умрам, Христос останува на својот брег и со мојата смрт нема да исчезне”. Бил убиен во 1841 година на брегот Футуна, во Океанија.