Почетна Вести Руската црква прогласи светец кој живеел во Софија
Руската црква прогласи светец кој живеел во Софија

Руската црква прогласи светец кој живеел во Софија

230
1

Рускиот Архиепископ во Софија од времето по октомвриската револуција, Серафим денеска е канонизиран за светец.

Соборот на Руската православна црква, кој деновиве заседава во Москва, едногласно ја одобрил канонизацијата на Серафим Соболев, со образложение дека тој имал значајна улога во развојот на црквата.

Одлуката за канонизација на архиепископот Серафим е дело на заедничката меѓу црковна комисија на Руската православна црква и на Бугарската православна црква.

Во Москва на Соборот, каде е донесена одлуката за прогласување на светец присуствува и делегација на БПЦ, предводена од Варнанскиот и великопреславски митрополит, Јован. Во бугарската делегација се и уште двајца епископи.

Рускиот патријарх Кирил му ја врачил и иконата со Св. Серафим на Митрополитот Јован.

Процесот на канонизација беше заедничка идеја на Бугарската и Руската црква.

„Св.Серафим“ од 1921 година бил Архиепископ на Руската црква во Софија, каде било одржано првото собрание на руската емиграција, која по налетот на Октомвриската револуција ја напуштила Русија. Серафим живеел во Софија се до 1950 година. Во црквата каде се наоѓа неговиот гроб се молат и бугарски и руски православни христијани.

Коментар(1)

  1. На светиот архиепископ Серафим Соболев му се молат сите православни.
    Светите мошти се наоѓаат во долниот дел на руската црква св. Николај во Софија.
    Сум бил неколку пати и секогаш имало многу верници кој ги оставаа своите молби напишани на ливчиња.
    Св. архиепископ Серафим моли го Христа Бога и за нас во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *