Недела на православната вера

Date:

Share post:

Денешново евангелие (види: Јован 1, 43–50) е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот; сведоштво за исполнета молитва. Кога Христос му вели на Натанаил: „Кога беше под смоквата, Јас те видов“, всушност, му открива Кој го слушал. Нормално, Христос веќе му открива на Натанаил и Кој му ја исполнува во целост и во живо таа молитва сега.

А Натанаил со својот одговор ни открива и ни сведочи дека во Богочовекот Христос Го препознава Оној Кому се молел и Кого единствено Го барал во молитвата – Синот Божји и Царот Израилев, очекуваниот Месија. А кој друг би можел да знае што се случува во срцето и во умот на Натанаил ако не Самиот Бог?

Така, не знам на што попрво да се воодушевувам: дали на Натанаиловата молитва, во која Го бара само Него, или на нејзиното совршено исполнување – и како мистично доживување, и како лична средба во живо – од страна на Богочовекот Христос? Или, пак, овие две работи не можат да се одделат, ни како случка, ни како инспирација…

Инаку, нашата молитва кон Господ може да личи – како кога толпа луѓе што стојат оддалеку и му се обраќаат на царот, како да се наоѓаме меѓу десетина луѓе блиски до царот и молитвата може да биде и како кога се зборува со царот лице в лице. Овие три молитвени состојби одговараат на трите степени од духовниот живот: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот со дарот на умно-срдечната молитва и обожение. Генерално, сите наши проблеми поврзани со борбата против помислите, со борбата против страстите, па дури и проблемите со телесни болести и болки може веднаш или брзо да се надминат со молитва, со  просто молитвено симнување на умот во срцето.

Рековме, молитвата може да биде и како кога се зборува со царот лице в лице. Таква е молитвата на совршените. Таква, лице в лице, била и молитвата на Натанаил. Потврда за тоа е и неговото апостолско достоинство, дарувано од Самиот Господ. Неговото апостолско достоинство очигледно одговара на неговата внатрешна духовна состојба, каков што и бил обичајот за ракополагање и поставување на Апостолите и Епископите во првите три века. Потврда за неговата совршена молитва е и неговата совршена, т.е. маченичка смрт.

Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Вистинската вера е критериум за вистински духовен живот. Но и вистинскиот, православен и подвижнички духовен живот во Црквата е единствен метод со кој се стигнува до спознание на вистинската вера, до богопознание.

Спознанието на вистината, на лично ниво, во строго православна смисла, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста. Дар Божји, кој се добива по големиот подвиг на чистење на срцето од страстите, во Црквата. Затоа, многу е потребно, покрај подвигот за сочувување на вистинската вера по секоја цена, да се сочува и вистинското аскетско-исихастичко предание во Црквата, преданието на умно-срдечната молитва. Да, „дојди и види!“, односно: верувај и дејствувај!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...