НА ИСТА СТРАНА: Во едно семејство и по четири религии (епизода 3)

Date:

Share post:

Почитта кон ближниот, познавањето на верата и љубовта кон Бога се трите основи на кои почива меѓуверскиот соживот во струмичкото село Колешино, каде повеќе од 100 години околу 1.000 жители без разлика на тоа што припаѓаат на четири или пет различни христијански цркви живеат во хармонија без никакви проблеми.

Kolesino1Свештеникот на Македонската православна црква-ОА, отец Илија Сумрачки, проповедникот на Евангелско-методистичката црква, Михаил Цеков и проповедникот на Христијанската адвентистичка црква, Томе Божинов во емисијата НА ИСТА СТРАНА зборуваат за тајната на меѓуверскиот соживот во селото Колешино.

Колешинци иако имаат четири цркви, имаат само едни заеднички гробишта.
Во Колешино има и голем број на мешани бракови.
Цеков, Сумрачки и Божинов велат дека ова е место каде најмногу се чита Библијата.

Погледнете ја третата епизода од емисијата НА ИСТА СТРАНА за да видите како, иако различни по вера, Колешинци се единствени во општествената одговорност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Промовирано петтомно издание Бигораска хроника – архијерејско петлетие

Бигорскиот манастир го промовираше новото капитално дело петтомната „Бигорска хроника – архиерејско петлетие“. Ова издание претставува летопис на...

Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија. Сослужувањето е во...

Српската дијаспора со комеморации за жртвите од Нови Сад: Митрополитот Григорије меѓу присутните

Српската дијаспора ширум светот – од Европа и Северна Америка, преку Австралија, до Азија – денес организира синхронизирани...

Во Соборниот храм донесена честица од моштите на Свети Климент Римски

Честица од моштите на Свети Климент Папа Римски биле донесени во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Моштите...