Почетна Вести Професори по Етика на религиите бараат задолжително изучување на предметот
Професори по Етика на религиите бараат задолжително изучување на предметот

Професори по Етика на религиите бараат задолжително изучување на предметот

774
0

Професорите по предметот Етика на религиите се организираа во здружение, преку кое ќе иницираат задолжително воведување на предметот Етика на религиите во образованието. Овој предмет сега се изучува како изборен во VI одделение.

Здружението е основано со благослов на Архиепископ г. г. Стефан, на 4 февруари 2017 година, во просториите на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Именувано е како „ПРОСВЕТЛЕНИЕ“.

zdruСобранието избрало и утврдило работни тела и комисиите на здружението.

-Целта на постоењето на ова здружение е предметот Етика во религиите, кој сега, всушност, е изборен предмет во VI одделение, да стане задолжителен наставен предмет во образованието. Исто така, здружението ќе се стреми и кон создавање на услови за поорганизирано работење и соработување меѓу професорите по предметот Етика во религиите, ќе работи кон организирање на семинари, симпозиуми и конференции, потоа изготвување и реализација на проекти кои ќе придонесат да се збогати наставата по предметот Етика во религиите, ќе се труди во промоцијата на етичките, едукативните, хуманитарните и граѓанските вредности во Република Македонија и надвор од неа, велат од здружението на професори по Етика на религиите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *