НА ИСТА СТРАНА: Во едно семејство и по четири религии (епизода 3)
Почитта кон ближниот, познавањето на верата и љубовта кон Бога се трите основи на кои почива меѓуверскиот соживот во струмичкото село Колешино, каде повеќе од 100 години околу 1.000 жители без разлика на тоа што припаѓаат на четири или пет различни христијански цркви живеат во хармонија без никакви проблеми.
Свештеникот на Македонската православна црква-ОА, отец Илија Сумрачки, проповедникот на Евангелско-методистичката црква, Михаил Цеков и проповедникот на Христијанската адвентистичка црква, Томе Божинов во емисијата НА ИСТА СТРАНА зборуваат за тајната на меѓуверскиот соживот во селото Колешино.
Колешинци иако имаат четири цркви, имаат само едни заеднички гробишта.
Во Колешино има и голем број на мешани бракови.
Цеков, Сумрачки и Божинов велат дека ова е место каде најмногу се чита Библијата.
Погледнете ја третата епизода од емисијата НА ИСТА СТРАНА за да видите како, иако различни по вера, Колешинци се единствени во општествената одговорност.