Муслиманка од САД поднела тужба во судот во Калифорнија против полицајци затоа што насилно и ја симнале бурката, откако ја уапсиле, пренесува БГНЕС.
Кирсти Пауел и нејзиниот сопруг биле запрени, додека патувале во автомобил. Жената била уапсена во врска со два активни случаи, едниот поврзано со нејзината сестра, од која го презела идентитетот, а другиот случај за кражба во продавница во 2002 година.
Кирсти Пауел, се пожалила дека еден од полицајците и ја симнал насила бурката од нејзиното лице пред другите полицајци кои биле мажи. Тој и рекол дека нема право да носи бурка и дека полицајците имаат право да допираат жени. Таа во тужбата навела дека тоа и предизвикало голем срам, понижување, вознемиреност и емоционален стрес.

