Почетна Вести Германија следи 90 сомнителни Џамии
Германија следи 90 сомнителни Џамии

Германија следи 90 сомнителни Џамии

174
0

Околу 90 џамии во Германија во моментов поради исламистички активности се ставени под присмотра на Бирото за заштита на уставниот поредок, објавија безбедносните структури.

Germanija dzamii„Во моментов следиме активности во околу 90 исламистички заедници во Германија, во кој во најголем дел се собираат лица од арапско потекло“, изјави директорот на а Бирото за заштита на уставниот поредок, Ханс-Георг Маасен за јавниот сервис ARD.

„Кај овие џамии главно се станува збор за т.н. џамии во дворови во коишто самостојни дејствуваат самопрогласени имами и емири кои со своите потпалувачки говори повикуваат на џихад“, додаде Маасен.

Истакна, меѓутоа, дека во Германија под надзор не се наоѓаат муслиманите воопшто, туку само еден помал, поагресивен дел. „Би претставувало голема грешка да поистоветат верските екстремисти и муслиманите“, смета Маасен.

Неговите изјави беа дадени пред почетокот на конференцијата на Бирото во Берлин, на којашто се разговара за опасноста од џихадистите во Германија.

Макфакс

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *