Почетна Празници Во спомен на масакрот врз никомидиските христијани
Во спомен на масакрот врз никомидиските христијани

Во спомен на масакрот врз никомидиските христијани

11
0

Верски календар: 10 Јануари

МПЦ-ОА/ Светите Дваесет илјади никомидиски маченици

sv-20000-mucenika-nikomidijskihВо времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во Никомидија цветаше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се во тој град дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или да бидат изгорени сите. Тогаш со Божествена ревност се распали архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на Тројцата младенци во печката Вавилонска. „Погледнете, браќа, кон жртвеникот на Господовиот олтар и разберете дека на него сега за нас се жртвуваше нашиот Господ Кој е вистински Бог; зарем ние да не ги положиме за Него нашите души на ова свето место?“ Народот се возбуди да умре за Христа, а сите огласени се крстија и се миропомазаа. Тогаш војниците ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по ова црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302 година.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *