Охридската Архиепископија се подалеку од можноста за автокефалност, е пораката што грчките црковни медиуми ја препознале во последното соопштение на Синодот на МПЦ-ОА, во кое тој и дава поддршка на Украоинската Правосдлавна Црква при Московската патријаршија. Ставот на МПЦ-ОА предизвика големо внимание кај црковните кругови во Вселенската патријаршија и во Атинската архиепископија. Во анализата објавена на „Ортодоксија“ пишува дека самата Охридска Архиепископија си го отежнува патот до Автокефалност.
-Да потсетиме дека минатиот февруари Светиот Синод на Охридската Архиепископија формираше комисија кој ќе се занимава со испитување на црковното прашање во Украина. Со своето вчерашно соопштение, пак, Охридската Архиепископија не само што не покажува таква намера, туку изречно кажува дека за Претстојател на Украинската Црква го признава Митрополитот г. Онуфриј. Затоа, не постои никаква намера да се признае Митрополитот г.г. Епифаниј и Автокефалната Црква на Украина. На неодамнешниот Синаксис на Јерархијата на Вселенскиот Престол во Константинопол се разговараше прашањето за Охридската Архиепископија и ставот на црковното раководство на соседната земја, каде што беше констатирано и потврдено дека ставот на Скопје го нарушува сето она што беше поставено како услов за доделување Автокефалност, стои во текстот.
Анализата потсетува на неодамнешните ставови на Вселенската патријаршија, меѓу кои и на интервјуто на Митрополитот од Имврос.
-Од Имврос, во навечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица, Вселенскиот Патријарх г г. Вартоломеј му нагласил на Антанискиот Епископ г. Партениј, Архиереј од Црквата на Скопје и Игумен на Свештената Бигорска Обител на Чесниот Претеча дека: „Жалиме што новото раководство на нивната држава не ги признава склучените и важечки меѓудржавни и веројатно меѓународни договори. Се надеваме дека црковната ориентираност на Охридската Архиепископија ќе биде во рамките на канонскиот поредок, за да можете да се надевате, Свет брате, во одреден момент да го добиете канонското признавање на својата автокефалност. Повторувам и потенцирам: Канонско признавање на вашата автокефалност, затоа што тоа што ви го дадоа не е канонска автокефалност, самите вие си го знаете тоа подобро. Па и затоа молите и чекате автокефалност од единствениот извор – Вселенската патријаршија“. Исто така, како што Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, во интервју за скопски медиум пред неколку месеци јасно кажа, основен предуслов за црковна независност на Охридската Архиепископија е признавањето на Автокефалната Православна Црква на Украина под Митрополитот Киевски и цела Украина, г. Епифаниј.
Анализата заклучува дека односите на МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија одат во надола линија, или како што прецизно пишува: „од позитивна клима до замрзнување на односите“.
-Охридската Архиепископија се врати во заедница со сите Православни Цркви кои ја поздравија одлуката на Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, од 9 мај 2022 година, за обновување на евхаристискиот однос со дотогашната расколничка црква во Скопје, која првично донесе позитивен развој. Но, развојот на настаните во врска со Црквата во Скопје веќе извесно време е на мраз поради ставот што го држи на Помесната Црква од соседната земја. Од една страна, нејзиниот однос кон „автокефалноста“ што го добија од Српската Црква, која сепак нема никаква важност бидејќи само Вселенската Патријаршија може да преземе таква акција, додека од друга страна прорускиот став на голем дел од Јерархијата, но и на Архиепископот г.Стефан придонесуваат случувањата да стагнираат. На сето ова се придодава и промената на политичката гарнитура во државата со доаѓањето на власт на Сиљјановска-Мицкоски кои повторно го разгореа националистичкиот став на Скопје за изменувањето на државата, стои во анализиата на „ортодоксија“.


Važno e nie ja proslavivme avtokefalnosta so dobivanje na eden (tomosot od Vučić koj ni go dade Porfirie) tomos. Nie imame tomos i će go uramime i mu go pokažem na Vartolomej pa toj neka se slika.
Инаку, Зеленски аплицира за воздигнување во ранг на Патријаршија на штотуку формираната Црква во Украина (на која Вартоломеј неодамна и’ додели Томос за автокефалност), а Цариградската Патријаршија ја прифати неговата апликација на разгледување. Зошто “истражувачките” новинари од типот г-динот Николов не информираат за ова еден Господ знае. Веројатно затоа што дури и на нивното рамниште на еклисиолошка писменост тој тек на настаните не може да биде проголтан така лесно.