Ѓорѓевски: Ставот на МПЦ-ОА за проруската украинска црква не е изненадување

Date:

Share post:

Поддршката што Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), ја даде на Украинска православна црква, која е блиска до Москва, е очекувана. Тоа укажува како МПЦ-ОА понатаму ќе се позиционира во однос на украинското црковно прашање. Ова е оценката што ја дава долгогодишниот новинар и верски аналитичар, Бранко Ѓорѓевски, во разговор со Радио Слободна Европа (РСЕ) откако Синодот на МПЦ-ОА на седница на 12 септември, направи потег поддржувајќи ја Украинската православна црква.

Македонските владици, вели Ѓорѓевски, беа на одреден крстопат дали да ја поддржат проруската УПЦ, на чие чело е Онуфриј, или проукраинската ПЦУ на чело со Епифаниј.

„Меѓутоа, по вчерашната одлука, јасно е дека македонските владици и во иднина ќе ја поддржуваат Украинската православна црква на чело со Онуфриј“, вели Ѓорѓевски.

По вчерашната поддршка за УПЦ, пак, според Ѓорѓевски, може да се насети каков став ќе се заземе за ПЦУ – одлука во корист на проруската црква во Украина. А, тоа смета аналитичарот, би можело да се одрази и на самата македонска црква.

„Нашите односи и нашето признавање од страна на Вселенската патријаршија како автокефална црква и натаму нема да се решаваат и ќе останеме со статус – кво како е и сега: да сме признаени само од неколку цркви, но и без најважниот томос од Вселенската патријаршија. Поточно, ќе останеме со незавршена автокефалност“, предвидува Ѓорѓевски.

Владиката Тимотеј, кој е член и портпарол на Синотот на МПЦ-ОА, во изјава за РСЕ тврди дека со оваа одлука тие не навлегуваат во политика туку, како што вели, „даваат поддршка на луѓе кои страдаат“.

„Тоа е коректност. Им затвораат цркви, не е важно на кого е. На секој еден човек ќе му се даде поддршка кога тоа не е исправно“, вели владиката Тимотеј за РСЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...