Случајот со Украинската православна црква – Московска патријаршија (УПЦ-МП), многу прецизно ги разобличи големите македонски патриоти, во и околу МПЦ-ОА. Не сакајќи русољубието им се распосла врз лажниот патриотизам како бела прекривка врз мртовец, не разбирајќи дека бранејќи ја УПЦ-МП, ја посипуваш со пепел сопствена црква, a патриотизам за кој проповедаш ти се трансформира во популистичка флоскула.
Но, МПЦ-ОА е сега автокефална, нели? А, две години се доволни да за заборави сопствената црковна историја. Да рониш крокодилски солзи за административниот статус на УПЦ-МП во Украина е исто како да си плачел 20 години за административниот статус на ПОА во Македонија … Ако било така, тогаш е разбирлива и оваа натаженост, ама ако си се сител, си застапувал ставови и тези што денес ги спроведуваат украинските власти во Киев, по чему побогу сега свириш туѓи ноти?
Украина донесе закон со кој забранува функционирање на црковна организација поврзана со Москва. Донесе таков закон после две години крвнички обид на Путин, благословен од Кирил да окупира и избрише од историјата една независна држава и еден народ кој себе си не сака да се поистоветува со руски идентитет.
Македонија има закон според кој не може да биде регистрирана повеќе од една верска заедница или Црква со идентично учење. Тој закон го донесе во 2007 година, без никакви опасности за каква било воена или друга агресија на соседна држава. Го донесе по барање на МПЦ-ОА за да го заштити интересот на МПЦ-ОА, издигнувајќи го на национален интерес, а плашејќи се дека токму ПОА (која веќе пет години беше оформена како испостава на СПЦ во Македонија) ќе може да влијае врз верскиот живот на православните во Македонија, ако добие правно административен статус.
И што има разлика меѓу она што сега го прави Украина, со она што Македонија го правеше пред 20 години?
Нема друга држава во Европа со ваков Закон за верски заедници. И Грција има формално три административно правно регистрирани православни цркви со исто учење. Атинската Архиепископија, Вселенската патријаршија и Црквата на Крит. Во Србија има две, СПЦ и Романската црква. Во Бугарија име две, БПЦ и Руската црква, во Романија има најмалку две, Романската и СПЦ … Но, за да биде парадоксот поголем, а веќе има некои неформални најави за можна размена на цркви овде во Македонија и во Србија меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, и за тоа да се случи ќе мора да се менува законот за верски заедници, за да може да се регистрира таква црковна органиација, МПЦ-ОА пак ќе бара од државата услуги, но овој пат спротивни на оние од пред 20 годиниа.
Да не е смешно, ќе биде трагично … Македонски свештеници и верници, кои повеќе од 55 години штитеа неканонски стаус, сега зборуваат за канони и оценуваат која црква во Украина била канонска … Правото на Украина да има своја украинска црква е наканонско така? А правото на Македонија да има своја македонска црква е канонско? Ако УПЦ-МП е канонска, како тогаш ПОА не беше канонска? Немате ли срам? Имате ли воопшто став? Достоинство?
Зошто мислите дека луѓето имаат кратка меморија? И да имаат, ние медиумите немаме … Затоа ќе потсетиме дека до пред две години, таа иста УПЦ-МП, за која сега овде солзи роните, МПЦ-ОА ја третираше како отпадничка, парацркона организација, комунистичко-државен проект, без какво било канонско право да биде црква. За разлика од УПЦ-МП, останата црковна структура во Украина на МПЦ-ОА гледаше исто како и на сопствената судбина. Како на црква чија иднина треба да биде онаква, каква што ја имаат сите помесни православни цркви во сопствените матични држави.
Ако, Вие за две години, својот деклариран црковен патриотизам го претворивте во српско-црковно подаништво дома, тоа е Ваш проблем. Но таквото измеќарство за некаков лажен Томос за автокефалност, не е и нема никогаш да биде македонски црковен и национален интерес.
М.Н.


Да се потсетиме дека пред некоја година двајцата кумановски митрополити беа кај владиката Епифаниј во Киев да договараат некаква академска соработка. А сега истите двајца се најголемите руски агенти во МПЦ и плукаат по “граѓанинот Думенко”
Кога би пристапиле кон анализа и објаснување на конкретните ставови и однесувања на МПЦ по однос на одлуката на Украина во однос на УПЦ – Московска Патријаршија најадекватен за примена е концептот Параноидна егзистенцијална позиција од областа на Трансакционата анализа, како теорија на личност и социјална психологија. Имено оној што обвинува, критикува и секогаш смета дека е во право, себе се дефинира како ок, а другиот кога истото го прави под исти околности не е ок. Ваквиот неуедначен однос е токму таа параноидна егзистенцијална позиција (јас сум ок – ти не си ок). Причина за вакво однесување се личниот нарцизам и егоцентризам, високо мислење за себе, себеоправдување, а со крајна цел одржување на сопствената позиција на окејност по секоја цена како непроменлива константа. Оттука за идентични однесувања и исти околности може да се применуваат двојни стандарди, оправдување за себе, осудување на другиот. Имено од ваква параноидна позиција МПЦ го оправда и сметаше дека е окејно нејзиното однесување во прогонот кон Владиката Јован Вранишковски, а негодува и ја осудува Украина за постапките кон Украинската ПЦ – Московска Патријаршија дека постапува погрешно и тоа не е ок. 1.Berne E. (1962a). Classification of positions. Transactional Analysis Bulletin, 1(3), 23.
Дрскоста на ваквите аналитичари се разбира произлегува не само од нивното незнаење, кое е повеќе од трагикомично, за што всушност пет пари не даваат, туку и од лични мотиви, кои не може да останат незабележани. Во спротивно би посветиле сериозно внимание на причините за состојбите и ставовите што се осмелуваат без око да им трепне истрајно и со необичен апетит да ги критикуваат, понекогаш на граница не на непристојност туку на прогонство. Значи, еден аналитичар кој црковните состојби ги посматра на ниво на политичка кауза, не може и не сака да прави разлика меѓу свештенослужители (од Епископи па надолу во ерархиската скала) кои својот чин го добиле со хиротонија од свештенослужители коишто исто така својот чин го добиле на тој начин и од такви свештенослужители во последователна ретроспектива се’ до Светите Апостоли (тоа во Црквата го нарекуваме ‘апостолско преемство’). Значи, невозможно е човек сам себеси да си го даде тој чин, ниту да го добие својот свештенички чин од други луѓе коишто не стекнале таков чин по горенаведениот пат. Кога се оди по некаков друг, спореден, поинаков пат (којшто Господ во Евангелието го нарекува ‘разбојнички’), не станува збор за раскол, туку за нешто сосема друго. Затоа нема споредба меѓу т.н. Православна Црква во Украина и Македонската Православна Црква (последнава својата ерархија ја изградила врз ‘апостолско преемство’). Авторот на овој текст меѓу редови вели дека се работи за ситници, за нешта за кои треба да се прогледа низ прсти. Но дали е тоа можно? Дали дури и еден Патријарх кој се нарекува себеси ‘Вселенски’ има благодатна сила со административен потег да ја надополни благодатната празнина предизвикана од отсуството на тоа ‘апостолско преемство’ кај Православната Црква во Украина или било каде на друго место или нема? Да бидеме реални: огромен број Светители и особено Светителки, величествени носители на дарот на ‘царското свештенство’ пружија грандиозно христијанско сведоштво без големо или никакво учество во светотаинскиот живот на Црквата, но нивните дарови колку и да беа чудесни и славни не беа еднакви со даровите на еден, дури ни на најлошиот свештеник. Дури и ако тие Светители имаа свои методи да стекнат некои плодови својствени за свештениците, па дури и сите плодови со кои може да се закитат свештениците, секој од нив имаше јасна свест за разликата меѓу својата мистична ипостас и остварените потенцијали на царското свештенство’ низ нивниот личен подвиг, но особено како дар Божји и – еклисиолошката ипостас на кој било свештенослужител. Како поинаку да објасниме? Ако Самиот Исус Христос ги нагласил тие неколку моменти и начини на ‘иницијација’, како да пронајдеме други патишта за стекнување на дарот апостолската служба, на свештенослужителски чин? И ако самиот Патријарх кој се нарекува себеси ‘Вселенски’ настојува на уште поразбојнички начин да озакони едно чудно беззаконие наместо да го исправи – што да кажеме! Можеби претставници на МПЦ-ОА некогаш заради недоволна информираност гледале сличност меѓу македонското и украинското црковно прашање, но во ситуација на општо расветлени истории невозможно е да се пренебрегнат работи коишто очигледно дури и даваат страшни плодови. Како што сите добро знаеме, нема непоправливи состојби кога станува збор за искрени боготрагатели. Но, да ја видиш мравката (да ја тераш МПЦ-ОА да се вклопи во некаква црковно политичка конструкција на прифаќање на ПЦУ, а да си ја проголтал камилата (не бадијала е речено токму ‘камила’), односно да го пренебрегнуваш светотаинскиот фалсификат и да се трудиш да го надоместиш со некаков административен акт на издавање Томос за автокефалност е апсурд којшто ете вселената не го прифаќа, колку у да се нарекуваше себеси Вселенски Патријарх. Затоа, засега е поверодостојно дека се работи за Патријарх на Вториот Рим и дека тој Втор Рим допрва се востоличува над урнатините на пониженото Православие.
Pred zakonot site se ednakvi,rimska izreka.
No , denes nekoi se poednakvi od drugite.Prvite ke pominat taka, ne ke platat kazna za deloto, ke im se prosti (iako prostuvanje e prvo od Sudijata nad site ,potoaa od covecki sudovi) vtorite ke plata kazna, ili ke ja plakaat so godini.Nekogas nekoj car sakal da bide del od povorka po povod nekoj praznik i sakal da go nosi krstot , simbolicno krstot Hristov,i ne znam zosto no ne mozel ,poradi nesto ne mozel da pojde, potoa mu se kazalo deka e oblecen kako car ,trebalo da e oblecen vo iznoseni obleki , da kazam partali, da bide slikata poverodostojna mu se posteduva bicuvanje i krv po teloto i oblekata, i koga se oblekol skromno mu bilo prifateno baranjeto, da bide del od povorkata.Prvite koi se poednakvi od site ednakvi se elita. Imam vpecatok deka ruskata strana e taa, elitizam.Duri i srpskata vo odnos na makedonskoto prasanje e taa, elitizam.Ne poteknuva ,ne pocnuva pravoslavieto so osnovanje na ruskaata crkva.
Vo odnos na svetitelite, toa za mene e nedostapno i sveottainsko.Taa agonija niz koja minuva covek ,po dopustenie od Sudijata na se i site, ne e za objasnuvanje, strasnaa e .Imam vpecatok se trguva so potta, stravot,uzasot , na nekoj covek ,zena.Necij zivot,necie patenje dnevno ,mnogudnevno.Nekogas trae dolgo.Nie ,jas obicniot covek gi nemam tie solzi da ja pokrijam taa agonija.I taga,Uteha praka Uteshitelot.Preku covek , preku nekoe Negovo sozdanie.Uteshitelot i spasuva ,so smrt na toj covek ili makite se podnesuvaat. Ne znam jas golemi zborovi, no ima pravoslaven narod i nadvor od granicite na Rusija.
Iako znam deka ne sum kvalifikuvana za odgovor i komentar na ovie prasanja pishav, i se izvinuvam zaa drskosta da komentiram.
‘Православието’ по дефиниција е вера на бескомпромисно прифаќање на Вистината: за Бог, за устројството на Црквата, за светот, за човекот, за ближниот, за непријателот, за сите твари и што е најважно: на вистината за себе. И тоа не на која било и на каква било вистина, туку на онтолошката Вистина, како Божествена категорија, на Вистината како едно од својствата на Бога. Таа Вистина се освојува преку макотрпен непрестаен подвиг на покајание, пост, воздржание, бдеење над умот, молитва (на повисоките духовни рамништа созерцание), итн., таа се однесува на човековата богосличност. Секако, и преку читање на Светото Писмо и усвојување на наследството на Светото Предание на Црквата. Свесното самоснисходење и извртување на вистината го укинуваат православниот идентитет на човекот, или на заедницата, и фактички (односно на битијно ниво) а не јуридички, го исклучуваат од Црквата Која Торжествува, од Небесниот Ерусалим, му го одземаат есхатолошкиот удел во Царството Божјо. Нема поголема загуба за Христијанинот или за народот од таа да ја загуби својата Небесна Татковина, и ако злоупотребувајќи го Православието само сака да приграби почести и земни придобивки за својата земна татковина, треба да се плаши од најстрашната погибел која може да го снајде, а не е ниту економска загуба ниту воен пораз туку лишеност од Божјата благодат. Но оние коишто дури и воената победа ја извојувале со извонредна духовна мудрост знаат дека нема веќе од што да се плашат. За тој “елитизам” впрочем нема кој не копнее.
Инаку, Помесната Црква е врската меѓу земната и Небесната Татковина за еден народ. Факт е дека не може да ја посведочи љубовта кон Небесната Татковина оној кој не ја љуби својата земна Татковина (предавството како такво е краен пример за грев кон Татковината). Но, не може да посведочи и љубов кон земната Татковина оној кој врши предавство кон Небесната Татковина (свесно ја приклонува кон ереси, го води верниот народ кон богоотстапништво или го поучува на придобивање земни блага по пат на злоупотреба на отворените еклисиолошки прашања итн.). Затоа царскиот пат по кој оди Македонската Православна Црква и се состои во тоа неприклонување кон новородената еклисиологија на ‘вселенистите’, коишто се трудат да го модифицираат устројството на Православната Црква на геополитички начин, затрогнувајќи ја Нејзината онтолошки зададена соборност со која Таа ја живее Својата динамична слобода и се штити од чија било човечка “непогрешливост”, значи и од онаа на Цариградскиот Патријарх. Извлекувањето права и атрибути на ‘Вселенски Поглавар’ за Константинополскиот Патријарх преку проширено, слободно толкување на мошне ограничувачкиот 28 канон на Халкидонскиот Собор е хиперболизирање непознато за Светоотечката православна еклисиологија и една уникатна појава која и со право би можела да биде наречена ‘елитизам’, но не е толку битно како ние денес си играме со зборовите колку што е опасна можноста за злоупотреба на таква евентуална црковна власт сега и во иднина, за што Светите Отци во минатото беа длабоко свесни и трезвеноумно внимателни. А добрите намери да се потврди автокефалноста на Македонската Црква без да се прифати Нејзиниот полн идентитет на Помесна Црква на македонскиот народ за жал сведочат за една еклисиологија којашто многу повеќе се грижи за геополитичките стратегии на минатото и на сегашноста одошто за благобитието на македонскиот народ како еден вековен, макар занемарени член на семејството православни народи во вековите што доаѓаат и во есхатонот.
Штом е нешто непријателско и штетно за Православната Црква, тоа го привлекува новинарот Марјан Николовски.
Како антена за се што е црно и погрешно.
Зарем НАТО е заштитник, а Русија непријател на Православието!?